Денес е 13 октомври 2016 г.Настани:
1307 Стотици витези Темплари биле уапсени во Франција по наредба на Филип Добриот и подоцна измачувани за да признаат дека се еретици.
1792 Поставен е камен-темелникот на Белата куќа во Вашингтон.
1884 Меридијанот што поминува низ Гринич (предградие на Лондон) е усвоен како универзален (нулти) меридијан, од кој се сметаат географските должини на точките и времето на Земјата.
1943 Под притисок на сојузничките водачи, италијанскиот крал Виктор Емануел III и неговиот премиер Бадолјо ѝ објавиле војна на Германија, на тој начин Италија, барем оној дел кој бил под сојузничка контрола, се придружила на антихитлеровската коалиција. До објавувањето на војната дојшло дури по паѓањето на фашистичката влада на Бенито Мусолини и по капитулацијата на Италија.
1952 Во издание на Државното книгоиздателство излезе од печат „Граматика на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески.
1972 Над Андите се урнал авионот во кој се наоѓала репрезентацијата на Уругвај во рагби.
Родени:
1474 Мариото Арбертинели — италијански сликар, претставник на француската школа на високата ренесанса.
1911 Андре Навара, француски виолончелист.
1923 Драга Чаловска – Секуловска — македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите наРадио Скопје.
1925 Маргарет Тачер — прва жена премиер на Велика Британија, наречена „Железната леди“.
1931 Рејмон Копа — француски фудбалер.
1931 Душан Макавеев — српски и југословенски режисер.
1941 Пол Сајмон — американски музичар.
1948 Нусрет Фатех Али Кан — пакистански музичар.
1967 Хавиер Стомајор — кубански атлетичар.
1971 Саша Барон Коен — британски глумец и комичар.
1977 Пол Пирс — американски кошаркар.
1989 Карлос Бетанкур — колумбиски велосипедист.
Починале:
1822 Антонио Канова — италијански вајар (р. 1757)
1984 Илија Зафировски — македонски новинар.
2003 Ѓорѓи Колозов — македонски глумец.Настани:
1307 Стотици витези Темплари биле уапсени во Франција по наредба на Фил



