На Џоли и останале УШТЕ 3 ГОДИНИ ЖИВОТ: Си направила листа со желби…

Наспроти тешките операции, актерката не верува дека ќе ги доживее четириесеттите, а составила и листа на желби што сака да ги оствари пред замине засекогаш.Иако пролетва превентивно ги отстрани двете дојки за да не умре од рак, како нејзината мајка Маршелин, Анџелина Џоли (38) смета дека нема уште долго да живее.
Изворите блиски до неа тврдат дека актерката е сигурна дека нема да ја доживее 45. година, а верува дека ѝ останале три или пет години живот, пишуваат американските таблоиди. Затоа Анџелина се обидува максимално да го искористи времето што ѝ останало.
Направила листа на цели што сака да ги оствари пред смртта. Таа прави сè за да биде поздрава, но  е уверена,  со оглед на медицинската историја на нејзиното семејство, дека ниту двојната мастектомија нема да ѝ го спаси животот. Кажала и дека ќе ги отстрани и јајчниците бидејќи тестовите покажале дека има ген што предизвикува рак.
Анџелина беше скршена по смртта на нејзината мајка во 2007 година.
Таа најави дека ќе ја глуми во филм што ќе го продуцира нејзиниот сопруг Бред Пит (49) со кој Анџелина има три биолошки и три посвоени деца.Иако пролетва превентивно ги отстрани двете дојки за да не умре од рак, како нејзината мајка Маршелин, Анџелина Џоли (38) смета дека нема уште долг

Пронајдете не на следниве мрежи: