Водителот и актер после направената сообраќајка е сослушан во полиција и не му е одреден притвор, но против него ќе биде поднесена кривична пријава. На Милан Калиниќ според законот, му се заканува казна од 8 години затвор.Милан Калиниќ (42) во текот на вчерашниот ден предизвика сообраќајка во која потешко се повредени 2 лица. Според неофицијалните информации, водителот тргнал накај Копаоник и во автомобилот бил сам, па поради временските услови изгубил контрола над возилото при што истото се лизнало на спротивната лента, каде директно се судрил со друг автомобил. Во другото возило се наоѓале 4 патници, а тројца од нив се веднаш пренесени во болница во Крушевац. Несреќата се случила кај местото Дупци.
– Милан околу 11:40 во местото Дупци изгубил контрола над возилото при што истото се лизнало на спротивната лента, каде директно се судрил со друг автомобил. Во другото возило се наоѓале 4 унгарски патници, мајка, татко и син со девојката.
Во таа прилика таткото се здоби со повреди на внатрешните органи, а мајката со повреди на главата, при што се веднаш префрлени во болница. Направен е алкотест на лице место и утврдено е дека познатиот водител не бил под дејство на алкохол за време на несреќата, а самиот увид траеше околу 2 часа, па потоа Калиниќ беше сослушан во полиција – вели извор од полицијата за медиумите.
– До сообраќајката дошло кога 42-годишниот возач на автомобилот со марка “landrover” од Белград , преминал во спротивна страна на коловозот и се судрил со автомобил марка “suzuki“ управуван од 49-годишен унгарски државјанин. Со тешки повреди се здобија возачот и едната патничката на „сузукито“, додека другата патничка се здоби со полесни повреди. Против познатиот водител ќе биде поднесена кривична пријава во редовна постапка, поради постоење основани сомнежи дека извршил кривично, тешко дело против безбедноста на сообраќајот – соопштуваат од МВР – Србија.
– Во болницата се пренесени пациените од сообраќајната несреќа, не можам ништо повеќе да ви кажам – кратко изјави медицинската сестра, а подоцна српските медиуми пренесоа дека двете повредени лица се наоѓаат во шок соба со тешки повреди.
Му се заканува казна од 8 години затвор
На милан Калениќ му се заканува казна од 8 години затвор. Ако настапила тешка телесна повреда или голема имотна штета, казната е до 8 години затвор. За небрежност казната е парична или затвор до една година, или до четири години во случај на сериозни повреди или поголеми штети.
Калиниќ и порано има повредено човек во сообраќајка
Калиниќ во 2013 година предизвика сообраќајна несреќа во која е повреден Саво Аќимов од Панчево.
– Бев во колона на возила кои стоеа на семафор. Кога се запали зелено светло, од спротивната страна доаѓаше камион кој сврте лево кон Белград и застана на раскрсница да ме пропушти, а црвениот автомобил кој го возеше Калиниќ со голема брзина влета во мојата лента. Само видов како се заби во мене. Од силниот удар, ја удрив главата во шофершајбната и во вратата – изјави тогаш Аќимов. Милан Калиниќ (42) во текот н



