На кое место е Македонија по странски инвестиции за 2012-та година?

Конференцијата за развој на Обединетите нации објави податоци од својот годишен извештај каде што е прикажано која балканаска земја имала најмногу странски инвестиции за 2012-та, а која најмалку. Според овие податоци, Македонија се најде на последното место по странски инвестиции за 2012-та година. Од сите балкански земји таа е последна, а Хрватска е на првото место по привлечени странски инвестиции за 2012-та. 
Кампањите на владата да привлече странски инвестиции не и помогнаа да се одлепи од дното на списокот на земјите во регионот по бројката на странските инвестиции.
Според извештајот Хрватска која е на прво место, во неа е вложено околу 1.25 милијарди долари, а во Македонија за 2012-та се вложени 135 милиони долари или речиси десет пати помалку од странските директни инвестиции во Хрватска. 
По Хрватска како успешна фигурира и Албанија која во 2012 година успеала да привлече 957 милиони долари а во споредба со Македонија не е лоша ниту Босна и Херцеговина со 633 милиона. Како успешна во рамките на регионот се вброи и Црна Гора со 609 милиона долара во 2012.
Србија која до скоро и беше најак конкурент на Хрватска падна на листата со само 352 милиона долара директни странски инвестиции.
Косово со 298 милиона долара е на 134 место на листата на UNCTAD на која Македонија може да се види дури на 153 позиција.
Европската земја која е на врвот на оваа листа по најмногу странски инвестиции за 2012-та е Велика Британија со вложени 62 милијарди долари директни странски инвестиции. 
 Според овие податоци, Македонија се најде на последното место по странски инвестиции за 2012-та година. Од сите балкански земји таа е последна, а Х

Пронајдете не на следниве мрежи: