На манекенка ѝ рекле дека е предебела: Таа ГЕНИЈАЛНО им одговорила на Фејсбук!

Чарли Хауард е модел кој носи конфекциски број 34/36. Од нејзината модна агенција ѝ рекле дека мора да ослабне, а таа преку Фејсбук им одговорила да оде*ат.За жал, ова е честа приказна – уште една девојка која е модел и на која ѝ се наложува да ослабне. Од неа се очекува да ја прифати критиката и да изгуби по неколку сантиметри во половината ако сака и понатаму да работи во таа индустрија.
Меѓутоа, 23-годишната манекенка Чарли Хаурад, која е висока 173 центиметри и носи конфекциски број 34/36, одлучи да го возврати ударот.
„Еве големо оде*и на мојата (поранешна) агенција, бидејќи ми рекоа дека сум предебела за да работам во модната индустрија. Повеќе нема да ви дозволам да ми диктирате како треба да изгледам и што треба да сменам за да бидам убава. На пример, еден сантиметар на колкот, кој наводно е вишок. Одбивам секој ден да се чувствувам посрамотено и нервозно бидејќи не одговарам на вашите невозможни стандарди на убавина додека вие по цел ден седите и јадете слатки, а мене и пријателите нѐ обвинувате дека сме дебели.
 

Posted by Charli Howard on Saturday, October 3, 2015

Колку повеќе нè терате да слабееме, толку повеќе дизајнерите прават потесна облека и сè повеќе девојки се разболуваат. Тоа веќе не е имиџот кој сакам да го застапувам. Во случај да не забележавте, јас сум жена. Јас сум човечко суштество. Не можам со некое чудо да ја намалам големината на коските за да одговарам стандардите на агенцијата.
Долго време се борев против природата бидејќи рековте дека облините ми се премногу истакнати. Немам големи гради, но задникот ми е поголем и на повеќето клиенти тоа не им пречи. Да не се лажеме, дури и кога бев преслаба не ви одговарав. Кога одев пет часа неделно во теретана, не можевте да ми најдете ангажман.
Го сакам моделингот, но отсега ќе се занимавам со него по моите услови. Здравјето ми е поважно од бројот на вагата. Кога ќе се сетите дека ме претставувате како човечко суштество, а не како број на вагата, јавете ми се“, напишала Чарли.
 

Posted by Charli Howard on Sunday, April 5, 2015

За жал, ова е честа приказна – уште една девојка која е модел и на која ѝ се наложува да ослабне. Од неа се очекува да ја прифати критиката и

Пронајдете не на следниве мрежи: