На Pickbox ексклузивно пристигна третата сезона на Моќ на Старз

Во животот на Фифти Сент нема пауза, па така последните година дена бил зафатен со работата на третата сезона на серијата Моќ во која е извршен продуцент и каде и самиот има важна улога. Со импресивна кариера, по неколку милиони продадени албуми, Фифти Сент денес може да се пофали и со серијата која во одредена мера е инспирирана од неговиот бурен живот. Во Моќ има пукање, дрога, клубови, пари, голотија, а баш како и во животот на Фифти Сент, има и многу добра музика.   Успешниот проект на Старз, долго очекуваната премиера на третата сезона на серијата Моќ (Power), денеска пристигнува на Pickbox. По моќниот крај на втората сезона, третата сезона ветува повеќе емоции, уште повеќе преврати и е експлозивно добра.
Во новата динамична сезона, Џејмс Патрик наречен Дух (Омари Хардвик) е сопственик на нови ноќни клубови и го напуштил нарко-картелот и уште повеќе се зближил со Анџела (Лела Лорен), неговата љубов од младите денови, која работи во секторот за наркотици и трага по човекот кој во подземјето е познат под прекарот Дух. Но, во мигот кога Џејмс одлучува дека неговото алтер-его Дух станува минато, ќе сфатите дека минатото цело време му е зад петици, а дека довчерашните сојузници му станале непријатели.
Пријателот и деловен партнер на Џејмс, Томи (Џозеф Сикора), ќе се најде од другата страна на приказната и неговото вртење против Дух ќе биде во центарот на третата сезона. Брат ќе се сврти против брат, но кој ќе биде посилен и попаметен во оваа приказна?
Авторка на серијата, чии нови епизоди ќе се прикажуваат на Pickbox само 24 часа по американската премиера, е Кортни А. Кемп. Мегауспешниот музичар Фифти Сент може да се пофали со продуцентски ангажман, но и со улогата на поранешниот осуденик Канан, кој од епизода во епизода сѐ повеќе добива на важност.
Уште денеска олабавете се со премиерата на третата сезона на „Моќ“, а новите, уште повозбудливи епизоди очекувајте ги на Pickbox секој понеделник во 21 часот.Успешниот проект на Старз, долго очекуваната премиера на третата сезона на серијата Моќ (Power), денеска пристигнува на

Пронајдете не на следниве мрежи: