На погребот на најдобриот пријател се појави во жолт фустан. Причината никого не остави рамнодушен!

Кевин Елиот и неговиот најдобар пријател Бери Дилејни, склучиле навистина бизарен договор пред да заминат во војска.Имено, тие си ветиле дека доколку некој од нив загине, другиот ќе дојде на погребот облечен во најлошиот можен фустан.
За жал, три години по заминувањето во војска, Кевин загинал. 
Бери не го заборавил ветувањето кое го дал на својот неразделен пријател, па на погребот се појавил облечен во жолт фустан и високи розови чорапи.
Иако можеби ќе помислите дека сите присутни го гледале со чудење, целото семејство и пријателите веќе знаеле за бизарниот договор и го поддржале Бери во неговата постапка за да го одржи ветувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи: