На половина пат од првиот ДАРМ предизвик

Во тек е првиот ДАРМ Предизвик на Википедија, натпревар во пишување статии поврзани со документите и фотографиите кои Државниот архив на Република Македонија, преку својот матичен Википедијанец, ги сподели за употреба на Википедија. Натпреварот трае еден месец, од 15 јуни до 15 јули 2016 година.Од досегашниот тек на натпреварот, забележуваме:
– Вклучени се 21 Википедијанец од 13 различни земји и јазични подрачја;
– Вметнати како илустрација во статии се 26% од документите и фотографиите;
– Напишани се повеќе од 35 нови статии;
– Статијата за Државниот архив, освен на македонски јазик (која постои од 2012 година) и на бугарски јазик (која е напишана во 2012 година), во текот на овие две недели преведена е на четири други јазика: англиски, српски, каталонски и на грчки јазик.
Првите петмина Википедијанци, од било која јазична Википедија, кои ќе освојат најголем број на поени, за пишување нови статии или за употреба на фотографиите и документите како илустрација во постоечките статии, ќе добијат награди во книги, и тоа: еден примерок од монографија на Државниот архив на РМ, (двојазично издание, на македонски и англиски јазик) и комплет книги во вредност од 1.200 денари.
Досега на Википедија се одржани повеќе натпревари од ваков тип, односно натпревари за употреба како илустрација во постоечки статии или пишување на нови статии поттикнати од документи и фотографии поставени преку матичниот Википедијанец во следниве институции: Државниот архив на Бугарија (со повеќе од 5.500 архивски документи и фотографии); Музејот на романтицизмот во Мадрид, Музејот на костуми во Мадрид, Националниот археолошки музеј на Шпанија, Еуропеана, и други.
ДАРМ предизвик на ВикипедијаОд досегашниот тек на натпреварот, забележуваме:
– Вклучени се 21 Википедијанец од 13 различни земји и јазични подрачја;
– Вметнати

Пронајдете не на следниве мрежи: