На Скопје му се случува Skopje Design Week по шести пат

Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ денес ја презентираше комплетната програма на шестото издание на „Skopje Design Week”, кое ќе се одржи од 23 до 27 ноември под мотото „Blooming Makers“, со цел дополнително да се поттикнат и поддржат локалните дизајнери во освојувањето на регионалниот и интернационалниот пазар, но и да им даде самодоверба за повидливо присуство на домашниот пазар.На шестото издание на „Skopje Design Week“ фокусот ќе биде ставен на Главната изложба поттикната од мотото „Blooming Makers“, на која се претставуваат 18 главно млади дизајнери и дизајнерски студија кои храбро, мудро и креативно се борат за своето место на пазарот, потоа на патувачката изложба „Young Balkan Designers“, како и изложбата на земјата во фокус, Австрија, дизајн велесила од каде доаѓаат 30 дизајнери кои се дел од „designaustria”, а со тоа оваа изложба е најголемата австриска изложба на дизајн воопшто презентирана во Скопје.
„Очекуваме издание кое ќе има огромно влијание врз младите и креативците преку сето она што ќе имаат можност да го видат, слушнат и научат за време на фестивалските денови кои следат” – изјави Тамара Георгиевска, менаџер на Skopje Design Week.
На „Skopje Design Week“ ќе се одржат девет презентации, почнувајќи од 24 ноември со презентацијата на Зоран Једрејчиќ за Белградскиот саем на мебел, а во истиот ден следат и презентациите на „designaustria“, како и „Проект Илица: Made in Ilica/ Old school Ilica“ на хрватскиот колектив „Оаза“. Следните денови од 25 до 27 ноември презентации ќе имаат и FITR и „Модулар“, ЕУРМ и „Завар“, ЕУРМ и Ендрју Деген, Игор Јосифов, Соња Шутова и Стефан Георгиевски.
„По шести пат Неделата на дизајн во Скопје се посветува на промовирање на нови македонски брендови, иноватори, ни ги носи актуелностите од светската дизајн сцена претставувa една светска дизајн велесила и традиционално се посветува на регионот. Зрелоста на самиот фестивал се огледува во зрелоста на излагачите  кои се претставуваат, а работната агенда е повторно сериозна и инспиративна. Во следните пет дена Скопје ќе дише со креативна позитивна енергија во ритамот на дизајнот”. – изјави Марта Наумовска – Грнарова, менаџер на експо зона на Skopje Design Week
Четири професионални работилници и три работилници за деца ќе се одржат годинава во „Јавна соба“. Амбасадата на Кралството Холандија во партнерство со „Јавна соба“ ќе ја реализира работилницата „Tastes of Textiles“, работилницата „Design thinking – Understanding the power of human-centered design“ ќе биде реализирана од „Solveo“, „Design through experience“ од SEDS, додека „Marketing Exercises inspired by Design School“ од ReBorn.
Трите работилници за деца ќе се одржат за време на викендот, 26 и 27 ноември, на темите „Фабрика за играње“ која ќе ја води Џулија Ѓорѓевиќ, „Магијата на абакусот“ со „Brainobrain“, додека со работилницата „Илустрации“ ќе раководи Ина Михајлова.
Од музичките настапи на сцената во „Јавна соба“ ги најавуваме за првпат во Скопје концертите на српските групи „E-Play“, „EYOT“ и „Dingospo Dali“. Своја вечер ќе имаат и македонската група „Џун“ и диџејот Master Flow од Суботица, Србија. Во музичкиот дел влегуваат и перформансот „Untie“ на Игор Јосифов како и рап-натпреварот „Beatrix – MC Battle“.
Оваа година за првпат ќе бидат доделени награди за Најперспективен бренд и Студентски дизајн, а програмата ќе биде дополнета со две работилници за деца, музички настапи во живо секоја вечер на сцената во „Јавна соба“, како и со кулинарски настани.
Неделата на дизајнот во Скопје е мултикултурна платформа фокусирана на дизајнот и иновациите која овозможува промоција, презентација, едукација, кулинарство и забава.На шестото издание на „Skopje Design Week“ фокусот ќе биде ставен на Главната изложба поттикната од мотото „Blooming Makers&ldquo

Пронајдете не на следниве мрежи: