Над 1.200 работници и 500 машини работат на автопатот Кичево- Охрид

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид се одвива со одлична динамика и досега се завршени 35 % од патот. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој беше гостин во емисијата „Јади бурек“ истакна дека очекува до крајот на годината половина од овој автопат да биде готов.Мисајловски рече дека автопатот Кичево- Охрид е најголемиот проект што се работи во моментов кој е вреден околу 400 милиони евра.
-Патот се гради со одлична динамика, пред неколку дена бев таму и имав состанок и со подизведувачите. Имаме сериозен напредок. На терен има повеќе од  1200 работници и 500 машини, се работи доста ефективно, посочи Мисајловски.
Тој истакна дека иако имаат доста предизвици, сепак со тимска работа работата изградбата се одвива според предвидената динамика.
Во изградбата на автопатот, рече Мисајловски,  се вклучени само 100 работници од Кина додека останатите градежни работници се од Македонија, вклучувајќи го и стручниот кадар , добавувачи и други компании поврзани со изградбата.
Мисајловски посочи дека покрај овој автопат во моментов се работи и на други патишта низ Р. Македонија, на автопатот Миладиновци- Штип, експресен пат Велес- Кадрифаково и Коридорот 10,од Демир Капија до Гевгелија.
Истакна дека 11 километри автопатот Миладиновци – Штип се веќе асфалтирани, а експресниот пат кај  Велес- Кадрифаково треба да заврши согласно договорите за 2 месеци.
За Коридорот 10, од Демир Капија до Гевгелија рече дека според изведувачот ќе биде завршен до крајот на годината, најкасно до почетокот на наредната иако таму има многу мостови и тунели.Мисајловски рече дека автопатот Кичево- Охрид е најголемиот проект што се работи во моментов кој е вреден околу 400 милиони евра.
-Патот се

Пронајдете не на следниве мрежи: