Надлежните подготвени за поларен бран кој доаѓа кон Македонија

Во наредниот период од 6 до 7 дена не` очекува драстична промена на времето поради наидување на поларен бран од северо-западна Европа. Овој бран ќе започне денес попладне, ќе ги зафати северо-западните делови и западните делови на Македонија. Ќе почне со дожд, а ќе следи и снег на повисоките места, не е исклучена и опасната појава на леден дожд.Ова го велат прогнозите на Европскиот центар за краткорочна прогноза и Синоптичкиот центар на Управата за хидрометоролошки работи на РМ.
-Предупредувањето оди во правец на тоа да граѓаните бидат подготвени за еден период на да не кажеме поларни студови, но драстична промена на температрурата. Веќе во четврток, паѓањето на снег ќе достигне одредени количини кои ќе можат буквално да направат сериозна промена во временските прилики и исто така ќе биде зафатена целата територија на Македонија. На повисоките места тој снег ќе биде и до 50 сантиметри, а на пониските до 25 сантиметри. Ќе дува студен ветер и температурите нагло ќе паднат под нулата. Петок, сабота, недела не очекуваат  дури и дневни температури од -10, а ноќните ќе одат и до -22 степени, истакна Оливер Ромевски, директорот на УХМР, по денешната Седница на Координативното тело за справување со кризи.
Од таму, предупредуваат граѓаните сериозно да пристапат кон своите патувања за божиќните празници, бидејќи снегот во комбинација со студените температури може да донесе сериозни  непријатности и последици при патувањата.
Службите на ЈП „Македонија пат“, според директорот Гајур Кадриу, се распоредени на 37 пунктови на цела територија и деноноќно  дежураат, со втор степен за зимско одржување.
Кадриу рече дека екипите, опремени со специјална опрема и абразивни материјали, се на сите пунктови, но оти тоа не значи дека во вонредни услови како што предвидуваат метеорзлозите сообраќајот би се одржувал како по суви коловози.
– Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат опремени со зимска дополнителна опрема, а особено тешките товарни возила без зимска опрема и неподготвени да не тргнуваат  на пат бидејќи тие се голема пречка при вакви временски неповолности. Сите учесници во сообраќајот да внимаваат и да ги почитуваат собраќајни знаци и правила, изјави Кадриу.Ова го велат прогнозите на Европскиот центар за краткорочна прогноза и Синоптичкиот центар на Управата за хидрометоролошки работи на РМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: