Надзорник во „Идризово“ одгледувал марихуана во својот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против вработен во КПУ „Идризово“ бидејќи во својот дом во Скопје одгледувал канабис и неовластено поседувал оружје и експлозивни направи.Четириестгодишниот Г.С. е предаден на Основното јавно обвинителство – Скопје со кривични пријави за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Судија на претходна постапка на Г.С. му изрекол мерка- домашен притвор во траење од 30 денови.
МВР соопшти дека пријавениот, вработен како надзорник во КПУ „Идризово“, во втората половина од 2016 година неовластено набавил семенски материјал од Канабис, кој го насадил и одгледувал во својот дом во населба Долно Лисиче.
Со оглед на тоа дека Г.С., досега не е кривично пријавуван и е новопројавено лице од областа на недозволената трговија со дрога, Единицата за недозволена трговија презеде опсежни мерки и активности за потврдување на добиеното сознание и обезбедување на материјални докази
По потврдување на сознанието и со наредба од Судија на претходна постапка извршен е претрес во куќата во која живее пријавениот при што се пронајдени 21,62 грамови марихуана, три експлозивни направи (една бомба кашикара и две парчиња динамит), еден метален детектор, две парчиња огнено оружје-пиштол и една кутија за чување на огнено оружје со прибор за одржување.
Од извршеното вештачење на експлозивните направи е утврдено дека станува збор за две парчиња динамит (тринитротолуен и амониум нитрат) додека за пронајдените пиштоли е поведена управна постапка за одземање, бидејќи едниот е службен пиштол во сопственост на КПУ „Идризово“, а другиот пиштол е лична сопственост на Г.С. и истиот го поседува со дозвола, информира МВР.Четириестгодишниот Г.С. е предаден на Основното јавно обвинителство – Скопје со кривични пријави за „неовластено производство и пуштање

Пронајдете не на следниве мрежи: