Награда од 20 евра за возачите кои нема да пијат за Нова Година!

Возачите од департманот Вар, на југот од Франција, чиј алко-тест ќе биде негативен за Нова година, ќе бидат наградени со бонови за бензин во вредност од 20 евра.- Сакаме да ги наградиме сите кои ќе имаат граѓанско однесување, односно ќе го препуштат управувачот на лице што не пиело. Возачот кој нема пиено, ќе може да добие бон за бензин во вредност од 20 евра, со цел да се наведат возачите да имаат примерно однесување зад управувачот, изјави префектот на Вар, Лоран Карел, а пренесе Миа.
Боновите ќе им бидат дадени само на возчаите што ќе имаат негативен алко-тестот на контролите во Тулон, на кои ќе биде присутен директорот на кабинетот на префектот, Емануел Дипуи, меѓу 2 часот и 30 минути и 6 часот изутрината.
Ова е нов метод во борбата за безбедност во сообраќајот во овoј департман, каде е забележано намалување на бројот на жртви на патиштата за 4 проценти во однос на минатата година, како и за 8 отсто помалку несреќи и 8 проценти помалку повредени.
За новогодишната ноќ се најавени засилени контроли на сообраќајната полиција.- Сакаме да ги наградиме сите кои ќе имаат граѓанско однесување, односно ќе го препуштат управувачот на лице што не пиело. Возачот кој не

Пронајдете не на следниве мрежи: