Наградната игра на Елколект ќе трае до 26-ти декември

• „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ“ во Ѓорче Петров, Берово, Карпош, Богданци и Гевгелија, ќе трае заклучно со 26ти декември
• Заради големиот интерес, учеството во наградната игра во сите пет општини се продолжува до 26ти декември
• Во сите пет општини извлекувањето на добитниците на наградите ќе се одвива на 26ти декември
• Ѓраѓаните кои во еко магацините на Елколект ќе донесат електронски и електричен отпад добиваат купони за учество со можност за осојување вредна наградаЕлколект ги известува учесниците во наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ“ дека со оставање на дека својот електронски и електричен отпад во еко магацините на Елколект во општините: Ѓорче Петров, Берово, Карпош, Богданци и Гевгелија, може да учествуваат во наградната игра до 26ти декември.
Воедно се известуваат граѓаните на овие оптштини дека на 26ти декември во просториите на нивните општини ќе одвива извлекувањето на до тогаш доставените купони за учество.
„ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ“ е името на наградната игра која од 28ми ноември до 26ти декември 2016та, Елколект ја организира во соработка со општините: Ѓорче Петров, Берово, Карпош, Богданци и Гевгелија.
За оваа цел Елколект обезбеди по три вредни награди за секоја општина, или вкупен награден фонд од 5 HP лаптопи,5 телевизори Hyundai led smart и 5 правосмукалки Горење. Првично планираните извлекувања во општините, заради големиот интерес за учество, се поместуваат за 26ти декември 2016та година.
Според правилата на наградната игра, потенцијален добитник на награда е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра, во неговата општина, ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијата каде е поставен еко магацинот на Елколект.
Локации на еко магацините на Елколект во општините каде се одвива наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”
1. Во општина Ѓорче Петров – во дворот на Општина и кај забавното игралиште пред мостот кон Волково,
2. Во Берово – кај градскиот пазар
3. Во општина Карпош – кај ОУ Петар Поп Арсов и ОУ Војдан Чернодрински
4. Во Богданци – на Ул.Маршал Тито бр.52
5. Во Гевгелија – на ул.Моински Пат бр.67 и ул.Ѓорѓи Митров бб
Сите граѓани кои имаат дотрајани, неупотребливи електрични апарати, компјутери, монитори, процесори и други апарати од домаќинството, кои ќе ги донесат на одредените локации во периодот на времетраење на оваа акција во нивната општина, имаат можност да се ослободат од опасниот отпад и да станат потенцијални добитници на награди.
Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на Елколект www.elkolekt.mk.
Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект сака да се заблагодари на граѓаните кои својот опасен отпад го оставаат на пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на опасниот отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.
За Елколект
Елколект е лиценциран колективен постапувач, кој поседува дозвола за постапување со отпадна електрична и електронска опрема, и дозвола за постапување со отпадни батерии и акумулатори, издадени од Министерство за животна средина и просторно планирање. Примарна дејност на Елколект е управување со отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Основна цел на компанијата е да воспостави функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори на начин кој нема да создава дополнителен товар на животната средина и животот и здравјето на граѓаните на Република Македонија.Елколект ги известува учесниците во наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ“ дека со оставање на дека својот електронски и

Пронајдете не на следниве мрежи: