Најбизарни работи кои паднале од небо

Црви
Пред пет години американката Еленор Бил одејќи на работа забележала необични кафеави топки кои пагале од небото. Кога видела што точно се случува се приближила и сфатила дека тоа се грст заплетени црви.
Никој не знаел како се создале на небото, а до најблиско објаснување дошле научниците кој тврдат дека овој феномен веројатно бил поврзан со истекувањето на вода неколку метри подалеку, но и понатаму останува мистерија како црвите се нашле во воздухот.
За работата да биде почудна, вакво нешто не се случило само тогаш. Професор по физика во 2011 година во Шкотска присуствувал на идентичен настан..

Крава
Во ноември 2007 година брачниот пар Чарлс и Линда Еверсон се возеле по автопатот кога на кровот од автомобилот им паднала крава тешка 300 килограми. Чарлс и Линда за среќа останале неповредени, а на местото каде што паднала кравата за брзо дошле полицајци и ветеринар кој ја еутанизирал кравата.
Кравата најверојатно побегла од околната фарма и залутала до карпите во близина на автопатот од каде паднала право врз автомобилот на брачниот пар Еверсон.

Ајкула
Во ноември минатата година на голф терен во Калифорнија од небото паднала мала ајкула. За среќа на теренот немало луѓе, а ја пронашол еден од работниците.
Објаснувањето за ајкулата во воздухот го дале стручњаците. Бидејки на телото на ајкулата биле забележани неколку рани се верува дека од морето ја грабнале неколку поголеми птици па им испаднала од канџите точно над теренот за голф. Тоа што е уште повеќе бизарно е дека и покрај се ајкулата сеуште била жива.
Куче
Осумгодишниот Тејлор Келавеј си играл во дворот со својата баба кога од небото паднало-куче. Тоа многу го израдувало Тејлор затоа што директно од небото паднал подарокот кој го барал за роденден. Меѓутоа се покажало дека за подарокот е виновен сокол кој го донел од некој друг двор. Падот во дворот на Тејлор му го спасило животот на кучето и од тогаш тие живеат заедно.
Сирово месо
Кеси Бернар од Вирџинија во ноември на главата и паднало парче пилешко месо. На земјата паднале уште неколку парчиња месо , а за ова случување никој никогаш нема преземено одговорност. Прво се мислело на локалната фабрика за храна, потоа на локалната фарма, но сопствениците одрекувале било каква одговорност. Локалните власти на крајот за ова ги обвиниле гулабите кој од некаде украле месо и потоа го фрлиле врз Кеси.
Човек
Во септември 2012 година тело на неидентификувано момче паднало од небото во лондонскиот кварт Мортлејк. Полицијата прво мислела дека момчето било жртва на убиство, но, со детално истражување се открило дека неговите повреди се предизвикани од друг пад. Истрагата брзо открила дека човекот бил скриен во багажниот простор на авионот, и дека најверојатно паднал додека  слетувал авионот.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани.  Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Црви
Пред пет години американката Еленор Бил одејќи на

Пронајдете не на следниве мрежи: