НАЈБРЗ ВО ИСТОРИЈАТА: Ирски борач за 13 секунди брутално го уништи противникот!

Спектаклот траеше само 13 секунди. Имено, само толку му беше потребно на ирскиот ММА борач Конор Мекгрегор да го победи противникот, Бразилецот Хозе Алдо и да му ја одземе титулата на УФЦ шампион во перолесна категорија. Воедно, тоа беше и најбрзиот нокаут откако е основан УФЦ.Ирскиот борач долго ја чекаше својата шанса за да ја освои титулата. Дури 12 години.
Својот сон го оствари во Лас Вегас, во МГМ Гранд Арената.
Левото кроше му пресуди на ривалот, па Бразилецот беше приморан да ја предаде титулата по петгодишно владеење. Судијата го прекина мечот и го спаси Хозе Алдо од дополнително мачење, бидејќи Ирецот Мекгрегор немаше милост.
„Ако ја имате мојата левица, тогаш ви е потребна прецизност, а не сила“, изјави Мекгрегор по победата.
По завршувањето на мечот, Алдо најави дека ќе бара реванш и им се заблагодари на сите за поддршката.
Погледнете како Мекгрегор дојде до победата: Ирскиот борач долго ја чекаше својата шанса за да ја освои титулата. Дури 12 години.
Својот сон го оствари во Лас Вегас, во МГМ Гранд Арена

Пронајдете не на следниве мрежи: