Најчести болки при водење љубов!

Многу жени чувствуваат болка за време на водењето љубов.Ако болката е површна, проблемот можеби е во пенетрацијата. Ако е партнерот е невнимателен, жената дури и воопшто нема да може да има однос. А доколку болката е внатрешна, тогаш пенетрирањето не е проблем.
Болки поради вагинална сувост – Вагиналната сувост е најчеста причина за болен секс. Обично вагината ја одржува влагата по природен пат, но ако нивото на естроген во телото е ниско или ако нема целосна возбуда, тогаш нема доволно количество влажност. Пробајте да го зголемите времетраењето на љубовната предигра, но ако недоволната влажност е еден од симптомите на менопаузата, тогаш вашиот гинеколог може да ви препорача хормонални таблети или естроген крем.
Болки при триење за време на секс – Црвенилото, воспалението и зголемената чувствителност околу влезот на вагината. Оваа болка може да ја почувствувате за време на сексот, при одење во тоалет или при користење на одредени производи за лична хигиена. Оваа состојба може да се влоши и не ќе можете да користите дури ни тампон. Кај некои жени овие симптоми се јавуваат точно пред или после месечниот циклус. Ако причината не може да се утврди, нема да има ниту стандардна терапија. Гинекологот би можел да ви препише разни креми кои ќе ја намалат чувствителноста. Некои жени за смирување на воспаленото место, го користат чајот од камилица (за измивање).
Болка при пенетрацијата – Некои жени чувствуваат длабока болка во себе за време на сексуалниот чин, а ова обично зависи од позата во која се наоѓа за време на односот. При  различните пози различна е длабочината на пенетрацијата. Тоа може да се јави само во одреден период – пред или после циклусот. Можните причини се и воспалението на јајниците или ендомертиумот. Но, за да ја определите причината, треба да направите целосни испитувања и да се консултирајте со вашиот гинеколог.
На овој линк прочитајте и што ги загрижува жените за време на сексот.
 Ако болката е површна, проблемот можеби е во пенетрацијата. Ако е партнерот е невнимателен, жената дури и воопшто нема да може да има однос. А доко

Пронајдете не на следниве мрежи: