Најчести грешки кои се прават при чистењето со правосмукалка

Скоро секое домаќинство поседува барем по една правосмукалка, но малку се оние кои обрнуваат внимание  на правилниот начин на грижа за овој апарат. Поправете ја таа грешка!Скоро секое домаќинство поседува барем по една правосмукалка, но малку се оние кои обрнуваат внимание  на правилниот начин на грижа за овој апарат. Поправете ја таа грешка!
Прсти, коса и облека во близина на отворот на правосмукалката
Ако морате да ја погледнете четката, да допрете на отворот, прво исклучете ја правосмукалката и извадете го кабелот од струја. Некои правосмукалки имаат ротирачки четки кои можат да ви искубат цел прамен од косата, да ви ја уништат облеката, или пак да ве повредат на прстите. Бидете внимателни и не приближувајте се до отворот на правосмукалката.
Користење на погрешен продолжен кабел
Продолжените кабли имаат ознаки кои покажуваат какви апарати можат да се приклучат на нив. Ако користите погрешен продолжен кабел кој не е компактибилен со вашата правосмукалка, може да предизвикате сериозни штети.
Тегнење на кабелот на правосмукалката
Правосмукалката никогаш не смеете да ја носите за кабелот или агресивно да го тегнете истиот. Штетата која може да ја направите при ваквата постапка е голема, а потоа не ќе можете ниту да ја користите правосмукалката со оштетен кабел, бидејќи тоа е многу опасно. Пожелно е еднаш во месеот да ја проверувате состојбата на каблите, за да се осигурате дека вашата правосмукалка е спремна за користење.
Користење на правосмукалката за внатрешна употреба, на надворешна површина
Правосмукалката наменета за домашна употреба никако не ја употребувајте надвор, од едноставна причина што не е наменета за тоа. Исто така оние правосмукалки кои се наменети за сува површина не ги употребувајте на влажна површина.
Кревање на тешки предмети
Не сакате да губите време во кревање на оние железни 10 денари од подот? Добро размислете пред да ги иссмукате. Цврстите и остри предмети можат да ја уништат внатрешноста на правосмукалката. Најдобро е рачно да ги соберете цврстите и остри предмети.
Исклучување на правосмукалката од штекер додека се уште работи
За општо добро, најпрво пред да го исклучите кабелот од струја, погрижете се правосмукалката да е изгасена.
Нередовно чистење
Потребни ви се само неколку минути да го очистите усисивачот. За долговечност на овој апарат, но и за доброто на вашето здравје, редовно повторувајте ја оваа постапка.Скоро секое домаќинство поседува барем по една правосмукалка, но малку се оние кои обрнуваат внимание  на правилн

Пронајдете не на следниве мрежи: