Најдобар Видео Спот!

На 25 Август беа одржани познатите VMA или “Video Music Awards” за 2013 кои како и секоја година се одржуваат на MTV.Светските ѕвезди се натпреваруваа во неколку категории и тоа Најдобра Летна песна во која победи бендот One Direction со песната “Best Song Ever”,  а други номинирани беа и Мајли Сајрус, Селена Гомез,  Daft Punk, Калвин Харис и Ели Гулдинг.
Во категоријата Најдобро Поп Видео од номинираните првото место го зеде Селена Гомез со песната “Come & Get It”.
За Најдобро Хип Хоп Видео наградата ја зедоа Макламор, Рајан Луис и Реј Далтон за песната “Can’t Hold Us”.
Бруно Марс и неговата песна “Locked Out Of Heaven” ја зема наградата за најдобар машки изведувач, а Тејлор Свифт со “I Knew You WereTrouble” си замина со наградата за најдобар женски изведувач.
Макламор кој веќе ја доби наградата за Најдобро Хип Хоп Видео е и првиот хип хоп артист кој подржува хомоскесуални бракови, а неговата втора награда се базира токму на ова, имено Најдобро Видео Со Социјална Порака со песната “Love is love”.
Добитници на наградата за Најдобра Колаборација беа Пинк и Нејт Руес со песната “Just Gove Me A Reson”.
Првото место во категоријата Најдобро Рок Видео појде во рацете на Thirt Seconds To Mars и песната “Up In The Air”.
Најважната категорија за VMA 2013 е Најдоброто Видео. Од неколкуте номинации оваа награда ја зеде Џастин Тимберлејк со песната “Mirrors”.Светските ѕвезди се натпреваруваа во неколку категории и тоа Најдобра Летна песна во која победи бендот One Direction

Пронајдете не на следниве мрежи: