Најдобриот инструктор по Insanity и PiYo од Бугарија ќе одржи отворен тренинг камп од петок до недела во Скопје

Најпопуларните тренинг програми кои се вистински глобален хит и кои ги вежбаат светските спортисти доаѓаат и во Македонија. Имено, првиот човек кој започна да ги води тренинзите по Insanity и PiYo во Бугарија и воедно е еден од најпопуларните фитнес инструктори во регионот, Иван Германов, ќе одржи ексклузивен отворен тренинг камп од петок во недела во Synergy Fitness & Spa.Имено на 4,ти, 5ти и 6ти март во Скопје, Иван кој повеќе од 12 години е фитнес инструктор ќе одржи бесплатни 4 интензивни тренинзи.
– Insanity е фитнес програма која е изградена врз основа на програми за подготовка на професионални спортисти, но е адаптирана и направена да биде достапна за масовната публика. Во основата нејзината тајна лежи во максимално интензивните интервали на вежбање – (Max Intensity Interval Training), што значи дека тренинзите се исполнети со вежби каде има максимален интензитет и временски интервали од по 30 секунди до 2 минути. Insanity е совршен спој на моќ и стабилност. Имено, вие се потите и знаете дека секој тренинг и секоја минута вреди три пати повеќе од стандардниот кардио тренинг. Резултатот потоа е неверојатен. Тренинзите PiYo пак брзо станаа моите омилени вежби, бидејќи тие se oдличен тренинг режим кој ми дава стабилност и цврстина. PiYo е комбинација од Пилатес и јога, но со малку поголем интензитет. Разликата помеѓу Insanity е тоа што Тренинзите по Insanity се многу интензивни и се предизвик за телото, но и за духот, додека пак тренинзите по PiYo помагаат на телото да отпочине и да земе воздух, без притоа мускулите да го губат својот тонус. Тука нема тежини, нема скокање, но има неверојатно брзи резултати. Тие исто така се многу погодни за луѓе кои претрпеле операции, породување или едноставно сакаат да започнат да вежбаат. PiYo се вежби кои се креирани за секоја возраст и било кој фитнес левел. Тие ја развиваат флексибилноста, издржливоста на организмот и помагаат нервниот систем да се смири и изедначи, изјави Иван Германов кој ги повикува сите заинтересира да дојдат на отворениот тенинг камп во Synergy Fitness & Spa.
Тренинзите кои ќе се одржат во петок од 17:00 – 18:00 часот по Insanity, во сабота од 10:00 до 11:00 часот по PiYo и од 16:00 до 17:00 часот по Insanity, како и во недела од 12:00 – 13:00 часот по PiYo се бесплатни.
Имено на 4,ти, 5ти и 6ти март во Скопје, Иван кој повеќе од 12 години е фитнес инструктор ќе одржи бесплатни 4 интензивни тренинзи.
– Insan

Пронајдете не на следниве мрежи: