Најдобрите детски бисери

Сите ние знаеме некогаш да кажеме неној бисер. Ако притоа добро сме ги насмеале блиските, добро поминало. Но, кога се децата во прашање, изјави од кои ќе ве заболи стомак од смеење, се појавуваат на дневна база. Убаво е да се види како би изгледал светот без премногу компликации, само со едноставната детска логика и искреност.Прочитајте ги овие детски бисери, кои загарантирано ќе ви го разубават денот.
КАПАТА НА МАМА ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ: Зошто мајка ти се омажила за татко ти? Баб ми кажа дека тогаш мама немала капа за размислување на главата.
ДОБРА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА: За да биде добра медицинската сестра, мора да биде потполно стерилна.
ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ: Животно осигурување се парите што ги добива оној кој ќе преживее смртен случај.
МАМИНА СЕСТРА: Повеќе ја сакам сестрата на мама, од мојата. Сестрата на мама ми е тетка, а мојата не ми е ништо!
БРАТЧЕ ОД АКУМУЛАТОР: Кога се родил мојот мал брат, морале да го стават во акумулатор.
ГОДИШНИНА ОД БРАК: На мама и на тато им е годишнина од брак. Тоа сите го знаат, освен тато!
ПЕПЕРУТКА: Пеперутка е инсект од семејството хелихоптери.
ПОЧЕТОК И КРАЈ: Што е тоа почеток, а што крај? Почеток е кога сум се родил, а крај нема.
ТАТКО ОД СЕЛО: Тато пораснал во село. Тој видел крава во живо.

БРИЧЕЊЕ: Го прашав тато зошто тој ја бричи брадата, а мама нозете. Ми рече дека секој се бричи таму каде што го гледаат луѓето.
МЕСО СО ДРШКА: Што јадеш? Пилешко месо со дршка.
КРАВИ КОИ ТРЧААТ: Кравите не смеат да трчаат, зошто можат да го истурат млекото.
БЕБЕ ВО СТОМАК: Мама има бебе во стомакот, ама не знам како го голтнала.
ЧОВЕК НА БЕНЗИСКА ПУМПА: Како се вика човекот што работи на бензиска пумпа? Бензионер.
СТРАВ ОД ГОТВЕЊЕТО НА ТАТО: Многу се исплашив кога мама се разболе. Помислив дека тато ќе готви.
ЧОКОЛАДА И СЛОБОДА: Што е слобода? Слобода е кога ќе ја прашам мама дали смеам да земам чоколада, а таа ќе ми рече земи слободно.
СИРУП ЗА КАШЛАЊЕ: Мене не ми треба сируп за кашлање. Можам и без него да кашлам.
РЕКЛАМИ: Што се реклами? Тие служат за да одиш да мочкаш ако ти се мочка.
ТАЈНА НА УСПЕШНИОТ БРАК: Што е потребно за успешен брак? Мажот треба да и кажува на жената дек е убава, дури и кога таа изгледа како автобус!Прочитајте ги овие детски бисери, кои загарантирано ќе ви го разубават денот.
КАПАТА НА МАМА ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ: Зошто мајка

Пронајдете не на следниве мрежи: