Најдобрите „гафови“ на јавните личности

Ова е само една кратка листа со дел од моментите на глупави изјави или „гафови“ на јавните личности.Во современиот свет на денешницата, секој политички или јавен настан од било каква природа е проследен со големо медиумско внимание, па така моментите на глупави изјави станаа дел од секојдневието на будните новинари.
Следува кратка листа со само дел од некои вакви „гафови“ на јавните личности:
1. „Настрана од убиствата, Вашингтон има една од најниските стапки на криминал во државата.“ – Мерион Бери, градоначалник на Вашингтон.
2. „Ние не вршиме дискриминација. Едноставно исклучуваме некои типови на луѓе.“ – Џералд Велман, полковник во американската армија.
3. „Кина е голема земја, населена со голем број Кинези.“ – Шарл де Гол, поранешен француски претседател.
4. „Традиционално, поголемиот дел од увозот на Австралија доаѓа од другите земји.“ – Кепел Ендербери, поранешен австралиски министер.
5. „Ќе се движиме лево и десно во исто време.“ – Џери Браун, гувернер на Калифорнија
6. „Никој во фудбалот не треба да се нарекува генијалец. Генијалец е некој тип како Норман Ајнштајн.“ – Џо Тајсман, спортски аналитичар.

7. „Се разбира дека имало повреди и смрт на бокс мечевите – но ниту една од нив сериозни.“ – Алан Минтер, боксер.
8. „Чудно, при забавената снимка, топката како да се задржа во воздухот повеќе време.“ – Дејвид Акфилд, спортски коментатор.
9. „Имам талент подарен од Господ. Го добив од татко ми.“ – Џулијан Вејкфилд, поранешен кошаркар.
10. „Тој е човек кој станува во шест часот наутро, без разлика кое време од денот е.“ – Лу Дува, бокс тренер.
11. „Понекогаш новинарите го пишуваат тоа што го зборувам, а не тоа што го мислам.“ – Педро Гереро, бејзбол играч.
12. „Пушењето убива. Ако сте мртви, сте изгубиле важен дел од вашиот живот.“ – Брук Шилдс, актерка.
Повеќе на Think.mk
 
 Во современиот свет на денешницата, секој политички или јавен настан од било каква природа е проследен со големо медиу

Пронајдете не на следниве мрежи: