Најглупавите изјави на политичарите!

Во денешно време секој политички или јавен настан е проследен со големо медиумско внимание, па сплетканите и на моменти глупави изјави станаа дел од секојдневието. Следува кратка листа со само дел од некои од ваквите „утки“ на јавни личности:
1. „Настрана од убиствата, Вашингтон има една од најниските стапки на криминал во државата.“ – Мерион Бери, градоначалник на Вашингтон
2. „Ние не вршиме дискриминација. Едноставно исклучуваме некои типови на луѓе.“ – Џералд Велман, полковник во американската армија
3. „Кина е голема земја, населена со голем број Кинези.“ – Шарл де Гол, поранешен француски претседател
4. „Традиционално, поголемиот дел од увозот на Австралија доаѓа од другите земји.“ – Кепел Ендербери, поранешен австралиски министер
5. „Ќе се движиме лево и десно во исто време.“ – Џери Браун, гувернер на Калифорнија
6. „Никој во фудбалот не треба да се нарекува генијалец. Генијалец е некој тип како Норман Ајнштајн.“ – Џо Тајсман, спортски аналитичар
7. „Се разбира дека имало повреди и смрт на бокс мечевите – но ниту една од нив сериозни.“ – Алан Минтер, боксер
8. „Чудно, при забавената снимка, топката како да се задржа во воздухот повеќе време.“ – Дејвид Акфилд, спортски коментатор

9. „Имам талент подарен од Господ. Го добив од татко ми.“ – Џулијан Вејкфилд, поранешен кошаркар
10. „Тој е човек кој станува во шест часот наутро, без разлика кое време од денот е.“ – Лу Дува, бокс тренер
11. „Понекогаш новинарите го пишуваат тоа што го зборувам, а не тоа што го мислам.“ – Педро Гереро, бејзбол играч
12. „Пушењето убива. Ако сте мртви, сте изгубиле важен дел од вашиот живот.“ – Брук Шилдс, актерка
13. „Посетив многу прекуокеански земји, како на пример Канада.“ – Бритни Спирс, американска пејачка
14. „Во повеќето автомобили на нашите патишта патува само по една личност. Најчесто тоа е возачот.“ – Керол Малија, новинарка на BBC
15. „Не го сакаме нивниот звук. На групата гитари им поминува модата.“ – сопственикот на Decca Records, кога ги одбил Битлси
16. „Не држам диета. Само не јадам толку колку што би сакала.“ – Линда Евангелиста, топ модел
17. „Ергенскиот живот не е живот за еден сингл маж.“ – Семјуел Голдвин, филмски продуцент
Извор: think.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: