Најкраткиот меѓународен лет во светот трае само 8 минути

Најкраткиот меѓународен лет во светот се врши од австриските авиокомпании и трае само осум минути, соопштува германското издание The Local.Летот се одвива помеѓу градовите Сент Гален во Швајцарија и Фридрихсхафен во Германија.
Растојанието помеѓу двата града е само 20 километри по права линија. Со авион тоа се зема за „еден момент“. Сепак, авиокомпанијата ги извршува летовите двапати дневно. Еднонасочен билет чини 40 евра.
Алтернативата за патници е патен превоз. Растојанието сепак е 63 километри, бидејќи патот го опкружува езерото Боде. Со автомобил тоа трае околу еден час.
Двата града се поврзани и со железнички транспорт, но патувањето трае околу два часа. До неодамна, најкраткиот меѓународен лет траеше 10 минути – меѓу австриската престолнина Виена и словачката Братислава. Летовите се извршуваа од нискотарифните FlyNiki и се користеа главно од патниците со летови во Виена.
Со автомобил растојанието помеѓу двете престолнини трае околу час и тоа даваше надеж дека летовите можат да станат популарни, но на крајот авиокомпанијата ги прекина.
Аналитичарите се прашуваат колку долго ќе продолжат и летовите меѓу Швајцарија и Германија, коментирајќи го потрошеното гориво, како и бучавата генерирана при полетувањето и слетувањето на авионот.Летот се одвива помеѓу градовите Сент Гален во Швајцарија и Фридрихсхафен во Германија.
Растојанието помеѓу двата града е само 20 километри

Пронајдете не на следниве мрежи: