Еден од најголемите секс симболи во историјата, Софија Лорен, ги напиша мемоарите „Вчера, денес, утре“, во кои отворено зборува за својот живот, кој не бил секогаш така совршен како што им изгледал на сите. Помеѓу останатао, актерката допрела и до темата за спонтаните абортуси кои ги доживеала, опишувајќи ги како нејзин најголем неуспех. Сепак, оваа прикана има среќен крај, бидејќи на крај Софија родила два здрави сина.Актерката раскажува дека на 29-годишна возраст нејзината желба за деца се претворила во опсесија. Снимајќи филмови во кои „колеги“ и биле деца, Софија многу се поврзувала со нив и подоцна одржувала контакт. Како што вели, едно девојче со кое глумела во 1957 година неодамна станала баба, и ѝ јавила на Софија за тоа.
Но, таа тогаш веќе се прашувала дали некогаш ќе се оствари во улогата на мајка, бидејќи веќе се ближела кон четвртата деценија- а во тоа време било невообичаено жените да раѓаат толку доцна.
„Почнав да чувствувам симптоми на бременост додека глумев мајка на седум деца во еден филм. Прво мислев дека сум се идентификувала со улогата, бидејќи глумав мајка. Сепак, отидов на доктор, кој ми кажа дека не сум бремена. Но тоа чудно чувство не исчезнуваше и стапив во контакт со еден, наводно, експерт од Рим, кој дојде кај мене со една голема кожна ташна. Кога ја отвори ташната потскокнав: ватре имаше една мала жаба. Докторот и ја вбризга мојата урина и ми рече: ‘доколку жабата умре, бремена си’. Но жабата не умре“.
Софија го избркала докторот а жабата ја пуштила во природата. Но, на крај сепак испаднало дека Софија е бремена, и била пресреќна. Едвај чекала да се породи и да го погледне детето во очи. Но тоа не се случило.
За жал, Софија го изгубила бебето. Иако докторите ја советувале да не патува со автомобил, за потребите на еден филм таа поминала цел ден во исцениран автомобил кој ја тресел и мрдал. Потоа почувствувала силна болка и следно на што се сеќава е мирисот на болница и изразот на сестрите.
Четири години подоцна повторно останала бремена. Овој пат била многу повнимателна и цело време лежела, ништо не правела. Но и покрај сиот труд, Софија повторно почувствувала страшна болка и се упатила на доктор. Неспретниот доктор ја уверил дека нема ништо и ѝ препишал чај од камилица и анелгетици. И овој пат Софија го изгубила бебето. Таа веќе се помирила со факот дека нема да биде мајка.
Но, подоцна дознала за специјалист од Женева кој работи со жени кои имаат проблеми да забременат. Таа се обратила и кај овој доктор, а докторот со еден преглед сфатил дека се е во ред со Софија и дека и се потребни само инекции со естроген.
Затоа 1968 година кога останала бремена по трет пат, Софија се преселила во Женева, каде ја примала потребната терапија и потоа на свет го донела Карло јуниор.
„Бев во хотел во близина на докторот. За времето да ми помине побрзо се занимавав со рецепти од детството“.
Кога дошол денот за царски рез, Софија се плашела. Вели дека сакала да го подели детето со никого- било само нејзино. Сепак, породувањето поминало во ред, но дивата вели дека не смеела да ја напушти болницата во следните 50 дена, бидејќи се плашела дека може да му се случи нешто на детето.
По четири години на свет дошол и нејзиниот втор син Едуардо. „Мислев дека животот не може да ми биде поубав откако го родив Карло. Но Едуардо ја дуплираше мојата среќа. Сега сфаќам, тоа е една од необјаснивите мистерии на мајчинството“, заклучува убавицата.Актерката раскажува дека на 29-годишна возраст нејзината желба за деца се претворила во опсесија. Снимајќи филмови во кои „колеги&ldquo



