Најлошите мобилни телефони на сите времиња!

Еволуцијата на мобилните телефони е прилично забавна работа. Од телефони кои наликуваа на „цигла“, до смартфоните кои ги имаме денес благодарение на развојот на технологијата, воопшто не е тешко да се согледа колку брзо се сменија работите.Ако денес битката се води меѓу тоа кој е најдобар телефон, во минатото бевме сведоци на многу лоши модели. Business Insider издвои дел од најлошите мобилни телефони кои досега се појавиле на пазарот. Проверете дали сте поседувале некој од овие модели.
Motorola Pebl

Лоша батерија која едвај држи и површина на која се лепи сè.

Pantech C300
 

Еден корисник на Amazon за овој модел напишал дека штом го купил веднаш го вратил и си зел Nokia 6030. Мобилниот на јужнокорејскиот производител ја има најмалата камера меѓу телефоните на преклоп. Но, не се прослави премногу меѓу потрошувачите.

Firefly

Мобилниот е наменет за деца од 5 до 12 години. Телефонот требаше да им даде мир на родителите кои со помош на ПИН ги контролираа броевите кои детето ги вметнало во листата броеви. На овој начин родителите имаат контрола над повиците на своето дете.

 
LG Migo

И овој телефон е првично наменет за деца и како и Firefly требаше да им овозможи на родителите да бидат во постојан контакт со своите деца. Корисниците се жалеа дека батеријата е слаба.
Повеќе на: GSM.mkАко денес битката се води меѓу тоа кој е најдобар телефон, во минатото бевме сведоци на многу лоши модели. Business Insider издвои дел од најлошите

Пронајдете не на следниве мрежи: