Најмалку 17 лица загинаа во стампедо на стадион

Најмалку 17 лица, меѓу кои има и деца, загинаа денеска во стампедо на стадион во северниот дел на Ангола, а десетици се повредени, соопшти полицијата.Паниката се прошири на фудбалскиот натпревар во Ангола, во покраината Ујиже, за време на мечот меѓу клубовите „Санта Рита де Касија“ и „Рекреативо де Либоло“, во рамките на домашната лига.
– На влезот на стадионот „4. јануари“, настана метеж, кој предизвика масовни жртви – 17 мртви и 56 повредени, кои се хоспитализирани, изјави портпаролот на полицијата Орландо Бернардо.
Тој додаде дека межу жртвите има и деца, но не се знае нивниот точен број.
Илјадници гледачи се обидоа да влезат на преполниот стадион со цел да го гледаат натпреварот, предизвикувајќи метеж, во кој луѓето паѓаа на земја, а причина за смртта на овие 17 лица е газење или задушување во метежот, соопшти полицијата.
Лошата контрола на публиката во Абиџан пред кавлификациите за Светското првенство 2010 доведе до 19 смртни случаи, а во стампедо во 2001 година, на стадионот „Акра“ во Гана, загинаа 127 лица. Паниката се прошири на фудбалскиот натпревар во Ангола, во покраината Ујиже, за време на мечот меѓу клубовите „Санта Рита де Касија“ и

Пронајдете не на следниве мрежи: