„Најмило мое“ е најновото од Александра Јанева

Младата струмичанка Александра Јанева деновиве го претстави својот најнов музички проект со малку поинаков и подинамичен летен звук.Премиерното претставување на најновата композиција „Најмило мое“ се случи на годинашното 23 издание на Интернационалниот фестивал Охрид фест – Охридски трубадури.
Александра, позната како двократен победник на Макфест во 2013 и 2016, настапи на сцената на Долни Сарај заедно со Хелена Благне, Влатко Илиевски, Ѓоко Танески, Џокси, Маја Оџаклиевска, како и популарната група „Бони М“.
Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а аранжманот на Владимир Дојчиновски. На своето премиерно прикажување во Охрид композицијата ги доби наградите „Најдобар текст“ и „Најдобар аранжман“.
Слушнете ја студиската верзија на песната со текст:
Премиерното претставување на најновата композиција „Најмило мое“ се случи на годинашното 23 издание на Интернационалниот фестивал Охрид

Пронајдете не на следниве мрежи: