Најскапата женска облека чини 17,6 милиони долари

Најскапата во светот женска облека – абаја (муслимански фустан наметка) во вредност од 17,6 милиони долари е направена во Дубаи, од британската дизајнерка Деби Вингам.Облеката е украсена со две илјади дијаманти, меѓу кои има и црвени, најретките и најценетите, пишува во средата весникот Al-Bayan, кој излегува во Обединетите Арапски Емирати.Како што изјави за весникот дизајнерката Деби Вингам, абајата е традиционална одежда за жените во муслиманскиот свет. Тоа денес особено преовладува во земјите во Персискиот залив. Овој фустан целосно ја покрива фигурата на жената од рамениците до нозете, и има многу слободна кројка којашто ги избегнува облините на женската става. Абајата традиционално се изработува од свила или од бродерија со волнени конци, во темни бои и богато украсена со вез.„Тоа е навистина уникатен фустан, само цената на ретките црвени дијаманти кои се користени во везовите, изнесува повеќе од осум милиони долари“, вели Венгам.Се очекува дека најскапата во светот абаја на којашто има и два 50-каратни црни дијаманта а тежи вкупно 13 килограми, ќе биде прикажана на потенцијалните клиенти во еден хотел во Дубаи овој четврток на ревија од затворен тип, на којашто е поканета многу богата публика.
МакфаксНајскапата во светот женска облека – абаја (муслимански фустан наметка) во вредност од 17,6 милиони долари е нап

Пронајдете не на следниве мрежи: