Најскапиот фудбалер на светот чини 234 милиони евра

Во денешниот фудбал тешко е да се процени кој фудбалер колку вреди. Цените се креваат вртоглаво, критеруими има многу, се рушат рекорди, а од ова задоволно рацете ги тријат агентите, заработувајќи огромни пари од трансферите.ЦИЕС, Меѓународниот институт за фудбалска статистика е најрелевантен показател. А истражувањето покажа дека Нејмар е најскап играч во светот во овој момент.
Бразилската ѕвезда од Барселона е проценет на 234 милиони евра, додека неговиот клупски колега Лео Меси е на четвртото со вредност од 170 милиони евра. Меѓу нив двајца, помалку можеби изненадувачки се најдоа ѕвездите на Тотенхем, на второто место е Деле Али, кој според ЦИЕС вреди 173 милиони евра, а на третото Хери Кејн, кој вреди 171 милион евра.
На петтото место се најде Антоан Гризман, кој вреди 167 милиони евра, а за Кристијано Роналдо од Реал Мадрид место немаше ниту во првите десет.
Десет најскапи фудбалери на светот:
1.Нејмар, Барселона (234 милиони евра)
2.Деле Али, Тотенхем (173 милиони евра)
3.Хери Кејн, Тотенхем (173 милиони евра)
4.Лионел Меси, Барселона (170 милиони евра)
5.Антоан Гризман, Атлетико Мадрид (167 милиони евра)
6.Луис Суарез, Барселона (157 милиони евра)
7.Пол Погба, Манчестер Јунајтед (150 милиони евра)
8.Гонзало Игуаин, Јувентус (134 милиони евра)
9.Еден Азар, Челзи (131 милиони евра)
10.Пауло Дибала, Јувентус (129 милиони евра)ЦИЕС, Меѓународниот институт за фудбалска статистика е најрелевантен показател. А истражувањето покажа дека Нејмар е најскап играч во светот во ово

Пронајдете не на следниве мрежи: