Најслушаните македонски песни во 2014 година

Во 2014 година имавме можност да слушнеме многу хитови од домашните изведувачи. Но, ова се песните кои ќе ја одбележат 2014 година.1.Влатко Лозановски: „Мандарина“
Летото 2014 година дефинитивно ќе го памтиме по „Мандарина“ на Влатко Лозановски. Со оваа песна Влатко ја доби наградата за радиски поп хит на фетивалот МАРС.

2.Тамара Тодевска: „Тажна љубов, среќна песна“.
Со оваа пена веднаш ја освои публиката. Посветена на сите скршени срца, песната на Тамара долго време стоеше на врвот на македонските топ листи. Имено оваа пена ја понесе наградата апсолутен радиски хит.

3.Димитар Андоновски: „Само тоа го можеш ти“
Димитар Андоноавски со неговата песна „Само тоа го можеш ти“ ја освои наградата за најдобар радиски хит од машки вокал.

4. Слаткаристика, Тајзи и Ферус: „Дими Џам“
Може да се каже дека ова е најзаразната и највртената песна во 2014 година.

5. Каролина Гочева: „Две лири“
2014 година беше плодна година за оваа пејачка. Со објавувавањето на последниот албум „Македонско девојче 2“, Каролина исфрли неколку хитови кои долго време се вртеа на топ листите. Една од најслушаните е и „Две лири“.

6. Тајзи: „Дома си е дома“
Околу оваа песна се крена прашина, и имаше коментари од типот дали е патриотска или не. Како и да е, песната беше добро прифатена и слушана од домашната публика.

7. Даниел Кајмаковски: „Лисја есенски“
Иако се појави годинала со победата на „Икс фактор“ Даниел Кајмаковски веднаш ги освои срцата на македонската публика. Со песната „Лисја есенски“, Даниел ќе ја претставува нашата земја на Евросонг 2014.

Криситна Арнаудова: „Земи ме“
Уште една многу слушана песна во 2014 година е „Земи ме“ на Арнаудова. Арнаудова со оваа песна ја освои наградата најдобар поп- рок хит
1.Влатко Лозановски: „Мандарина“
Летото 2014 година дефинитивно ќе го памтиме по „Мандарина“ на Вл

Пронајдете не на следниве мрежи: