Најстариот маж во светот кој има 112 години ја откри тајната за долговечност!

Салустиано Санчез-Бласкез имаа 112 години и е самоук музичар, рудар а истовремено е и најстариот маж на светот, соопштено е од Гинисовата книга на рекорди.Санчез е најстариот маж во светот откако почина Џеронимо Кимура кој имал 116 години.
Тој е роден на 8 јуни 1901 година во Шпанија. Како самоук музичар свирел на свадби и други прослави. На 17 години заминал во Куба.
Во САД пристигнал во 1920 година и работел во рудници. Откако се преселил во Њујорк започнал да работи во градежниот сектор. Се оженил во 1934 година,  а после смртта на својата сопруга живеел прво со својата ќерка а потоа во 2007 се преселил во дом за стари лица.
Тој вели дека причината на долговечноста е една банана на ден и доза од шест таблети анацин.
Неговата ќерка има друга теорија: Тоа е затоа што е независен и твдоглав.
Освен ќерката, тој има и еден син, седум внуци и 25 правнуци.
 Санчез е најстариот маж во светот откако почина Џеронимо Кимура кој имал 116 години.

Пронајдете не на следниве мрежи: