Најтешките денови на Дона Арес: „На хемотерапија сум, мислев дека нема да издржам, но…

Поп пјачката Дона Арес, која веќе некое време се бори со рак, открила како своите тешки денови кои ги поминала во болница ги преточила во песна полна со емоции.На Дона многу и помога и потпората која ја прима од сите страни и поради тоа, како што вели, нејзиното срце е максимално исполнето.
„На самиот почеток немав болки, ништо поради што би можела да помислам на она најлошото. Но со текот на времето симптомите беа се посилни и поинтензивни. Моментално ми трнат прстите на рацете и на нозете, но тоа е поради нервните завршетоци и нема да престане додека не престане хемотерапијата. Кога требаше да ја примам првата хемотерапија, мислев дека нема да издржам бидејќи бев во многу лоша состојба“, открива Дона Арес.
Истакнала дека психата во ваквите ситуации е најважна, а нејзе и помага тоа што моментално прави нова песна. „Ќе се вика Соба за никого бидејќи оваа соба никому не му ја посакувам. Но кога веќе ќе се најдете во таа соба, тука има многу емоции па ќе се обидам да ги префрлам на хартија“.
Додала дека Новата година и роденденот ќе ги прослави со многу песни.
„Ќе пеам додека постојам“, додала Дона.На Дона многу и помога и потпората која ја прима од сите страни и поради тоа, како што вели, нејзиното срце е максимално исполнето.

Пронајдете не на следниве мрежи: