„Најважен натпервар во животот, сеуште сонуваме“

Еден од најдобрите фудбалери во светот Меси се обрати во јавноста со писмо на Фејсбук пред финалето на СП. Го играме најважниот натпревар во животот, пишува ЛеоЕден од најдобрите фудбалери на светот Лионел Меси во вечерашното финале од СП помеѓу Аргентина и Германија има можност на својата полица да ја додаде титулата на светски првак.
„Ќе го играме најважниот натпревар во нашите животи  за својата држава. Моите желби и соништа се остваруват по напорната работа и трудот на момчињата кои го даваа максимумот уште од првиот натпревар“, напишал Меси на својот Фејсбук профил.
„Гаучосите“ во реприза од СП од 1986 сакаат да го повторат успехот и да дојдат до четвртиот наслов светски прваци, но за тоа треба да го направат последниот, најголем чекор.
„Знаевме дека тоа е можно. Нашиот народ, нашите Аргентинци не донесоа овде. Но сонот сеуште не е готов, сакаме да победиме и спремни сме!“, порачува Лео Меси. Еден од најдобрите фудбалери на светот Лионел Меси во вечерашното финале од СП помеѓу Аргентина и Германија има можност на својата полица да ја дод

Пронајдете не на следниве мрежи: