Дафне Селф, која ги красеше страниците на „Вог“, „Харперс базар“ и „Венити фер“, стана заштитно лице на нова модна кампања на 86-годишна возраст. Дафне, која е од Балдок, грофовијата Хартфордшир, ја претстави есенската модна кампања „Осмели се да се облечеш“ на „Трафорд центер“ во Манчестер.Успешната манекенка си го одреди стилот како „елегантно-фанки“ и ги критикуваше ултратенките тела кои често ги красат денешните модни писти. Таа сепак признава дека не се противи на сите трикови на модната индустрија.
„Срамота е што луѓето секогаш треба да бидат толку слаби за модата, но немам ништо против обработката на сликите. На моја возраст сакам мала обработка на сликите“, вели Дафне.
Таа уште во младоста имала убава коса, големи очи и неверојатна структура на коските. Затоа Селф ја издвојуваат од останатите модели.
Таа вели дека нејзините родители се одговорни за нејзината долга кариера.
„Моите родители ми дадоа добри гени и здравје и секогаш разумно сум се хранела. Секогаш се обидував да го извлечам најдоброто од било која ситуација, да останам позитивна и да водам здрав начин на живот“, додава таа.
Успешната манекенка си го одреди стилот како „елегантно-фанки“ и ги критикуваше ултратенките тела кои често ги красат денешните модни п



