Наместо грижа за нивниот татко одбрале забава?!

Славните сестри Кардашијан наместо својот покоен татко одбрале куќна забава?!Кортни, Ким и Клои Кардашијан наводно одбрале забава наместо грижа околу нивниот покоен татко Роберт Кардашијан, открила неговата поранешна сопруга во судскиот извештај.
Најновите судски списи откриваат дека реалити ѕвездите не биле со својот татко, кој умрел од рак во 2003 година.

Елен Пеарсон Кардашијан, која се омажила за Роберт само два месеци пред неговата смрт, напишала: „Неговите деца ретко го посетуваа, откако почна лечењето од рак. Во моментот кога Роберт беше пред последната воздишка, ниедно од неговите деца не беше со него. Сите избраа да бидат на куќната забава на Кортни“.
Кардашијанови ја тужат Елен и бараат 500 илјади долари оштета, тврдејќи дека ги продала нивните лични работи на издавачите на магазини. Елен пак, возвратила со тужба, обвинувајќи ги децата на својот поранешен сопруг за клевета, намерно нанесување на емоционална болка и завера.Кортни, Ким и Клои Кардашијан наводно одбрале забава наместо грижа околу нивниот покоен татко Роберт Кардашијан, открила неговата поранешна сопруга

Пронајдете не на следниве мрежи: