сабота, 28 ноември 2026
Најново

Наместо животот, дрогата се враќа на улиците, пуштен од притвор Еско Рахиќ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Врховниот суд издаде решение со кое ја уважи жалбата на Сеат Рахиќ и го укина притворот. Тој е брат на поранешниот пратеник на СДСМ, Есад Рахиќ. Наместо животот, дрогата се враќа на улиците, пишува порталот Журнал.Сеат заедно со уште четири лица беше уапсен за препродавање кокаин, а тоа значи дека со доаѓањето на животот во Македонија, дојде и слободата за дилерите.
Тој во февруари годинава во рамки на Оперативната акција „Мрежа“ која се спроведува за сузбивање на улично дилерство на дрога беше уапсен заедно со уште четири лица.
-По претходно добиени оперативни сознанија дека организираната криминалната група набавувала и продавала наркотична дрога на нарко зависници од подрачјето на Град Скопје но и во други градови од државава беше спроведено криминалистичко истражување, а во кординација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти тогаш МВР.
Оттаму посочија дека според документираните сознанија во текот на минатата и оваа година криминалната група организирана од С.Р. која делувала на подрачјето на Град Скопје како и надвор од градот, продавала кокаин за цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка.
-Кокаинот бил набавуван од непознато лице од  Србија во помали количина, со цел полесен и побезбеден транспорт на наркотичната дрога, се вели во соопштението од МВР.
Министерството тогаш соопшти дека Сеат Рахиќ бил организатор на групата и ги ангажирал М.Д. и М.З. кои го продавале кокаинот на нарко зависници, но оти по продажбата редовно го известувале Рахиќ за паричните средства кои биле добиени.
-Исто така утврдено било дека лицето М.М. исто така посредувал во вршењето на продажбата на наркотична дрога кокаин, така што кога имало потреба за продажба на дрога, го известувал С.Р. и ја вршел продажбата, а дел од парите ги задржувал за себе, стои во соопштението.
Сеат заедно со уште четири лица беше уапсен за препродавање кокаин, а тоа значи дека со доаѓањето на животот во Македонија, дојде и слободата за ди

Поврзани вести