Напладне се венчавме, по 6 часа ја фатив зад ресторанот со друг па…

Ја запознав Санела кога имав 30 години, она имаше 25. Завршив богословија, требаше да станам поп. Како што животот наметнува, беше време и за свадба. Се познававме можеби една година, за тоа време живеевме заедно, бевме ок.Сакаше да флертува, но мене тоа ми годеше, флертуваше со мене но и со секого, имав впечаток дека се ќе се промени од моментот кога ќе се венчаме. Му делуваше како да и недостига тој семеен мир да го почувствува.
Направивме свадба, ги повикавме сите нејзини и мои пријатели и роднини. Имавме мала расправија пред венчавката, но се тоа брзо помина. Нешто се бунеше околу тоа што воопшто правиме свадба, но сето тоа веќе беше договорено. Се согласи на се од самиот старт.
Што сакаше, не знам. Дали ме сакаше, не знам.
Напладне кажавме да, имавме прекрасно венчавање во црква. Со божја помош и времето не послужи. Како народот се веселеше и опиваше, така и она исчезна.
Тргнав да ја барам поради тортата. Помислев дека можеби се слика, или е во тоалет. Никаде ја немаше, ја прашав кумата каде исчезна таа целата збунета ми рече тука е некаде.
Тогаш излегов пред ресторанот но не беше ни таму. Си реков можеби пуши цигари зад ресторанот се крие бидејќи и забранувам поради бременостам а таму една кола паркирана и внатре бел фустан како се мрда.
Се приближив до колата а таа се бакнуваше со својот другар. Не го знаев добро, рече дека треба да го поканиме на свадбата.
Не верував на своите очи, се приближив да видам дали добро гледам. Добро гледам, тоа беше венчаницата.
Тој ме примети и се скамени а таа ме погледна. Ме погледна и почна да плаче. Јас само стоев. Излезе од колата и ја прашав што прави, а таа ништо не рече, само влезе внатре.
Беше време за торта, влегов, но знаев дека треба да побарам развод.
Цело време гледаше што сме добиле за поклон како ништо да не се случило. Сите поклони ги собрав, кажав дека сакам развод и ја оставив со нејзиниот избор.
Нашата ќерка денес има 7 години, мојата жена се уште и ја полни главата како јас сум ваков, таков… А ова е правата вистина.Сакаше да флертува, но мене тоа ми годеше, флертуваше со мене но и со секого, имав впечаток дека се ќе се промени од моментот кога ќе се венчаме. М

Пронајдете не на следниве мрежи: