Наполи киксот во ЛЕ ќе го исправа против Сампдорија

Италијанската Серија, продолжува со натпреварите од 25.коло, дербито на колото ќе се одигра, во сабота, на „Олимпико“ во Рим, Рома ќе го пречека лидерот Јувентус.Римјаните се во лоша форма работите во клубот не тргнаа на добро и по оставката на Зденек Земан, Рома во минатото коло загуби од Сампдорија.Јувентус во Рим гостува по победата над Селтик во Лигата на шампиони, со која практично обезбеди пласман во четврт финалето.Колото, во петок ќе го отворат Милан и Парма, „росонерите“ по лошиот старт, со серија на добри резултати фатија приклучок со екипите од горниот дел на табелата и до крајот на сезоната заедно со Интер и Лацио ќе се бодат за освојување на третото место кои носи пласман во Лигата на шампиони.Наполи, на Горан Пандев, кој се наоѓа на второто место на табелата, со пет бодови помалку од лидерот Јувентус ќе ја пречека Сампдорија, екипа која е во подем на својата форма. Екипата од Џенова ќе се обиде да ја искористи кризата во играта на Наполи, која најдобро се манифестираше на натпреварот во Лига Европа, против Викторија Плзен, кој Пандев и соиграчите го загубија со 3:0.Сабота, 16.јануари:Киево-ПармаРома-ЈувентусНедела, 17.јануари:Торино-АталантаКатанија-БолоњаПескара-КаљариНаполи-СампдоријаЏенова-УдинезеФиорентина-ИнтерКолото во понеделник ќе биде комплетирано со одигрувањето на натпреварот помеѓу Сиена и Лацио.
МакфаксИталијанската Серија, продолжува со натпреварите од 25.коло, дербито на колото ќе се одигра, во сабота, на

Пронајдете не на следниве мрежи: