Напорите и лобирањата на ВМРО-ДПМНЕ вродија со плод

Од извори од Брисел дознаваме дека напорите и лобирањата од страна на минатата влада на ВМРО ДПМНЕ за обезбедување на пари за крупни инфраструктурни проекти вродија со плод при што ЕУ ќе додели грант од 100 милиони евра, објави порталот Економски.мк.-Вчера како што дознаваме од Брисел било одлучено да се доделат пари за проектите кои се дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, продолжување на градбата на пругата кон Бугарија, изградба автопатот Гостивар Кичево, како и патот Крива Паланка Деве Баир, пишува Економски.
Првите напори за обезбедување на пари започнаа пред две години, а минатата година во март и декември на два пати од министерството за транспорт и врски се поднесени проекти до Европската Унија за одобрување на средства за овие капитални проекти. Конечно вчера, по двегодишно лобирање и повеќе состаноци во Брисел донесена конечна позитивна одлука.
Финансиските средства се обезбедени во рамки на процесот WBIF 6, од страна на ЕУ за подобрување на конективноста – поврзаноста во регионот.
Уште на првиот состанок во Виена во 2015 година, на ниво на претседатели на влади од Западен Балкан + ЕУ, усвоена е индикативна листа на проекти кои ќе се подржат од WB6, а се наоѓаат на главните европски коридори, што во случајот на Република Македонија, тоа се коридорите 8 и 10.
Основен услов е проектот да се наоѓа на главен европски коридор и документацијата за апликација да е доволно „зрела“, односно да се изработени одновни проекти, потребни студии итн, за да може да се оди понатаму во инвестиција за фисичка градба, како и проектот да биде дел од единствената листа на проекти, која е усвоена од Владата на Република Македонија на 7.12.2015 година, како и да е дел од стратешките документи на земјата и физичката реализација на проектот да овозможи подобрување на поврзаноста со регионот.
Во минатите години беше целосно изработена проектна документација, обезбедени средства за кофинансирање и е направено утврдување на проекти од регионално значење.
Министерството за транспорт и врски во 2016 подготви и достави апликација за барање на инвестициски грант до 70 милиони евра за делницата од Бељаковце до Крива Паланка, фаза 2 од железничкиот Кориодор 8.
Важноста на проектот и приоритетот на инвестицијата беше повеќе пати посочуван од страна на Министерството за транспорт и врски на Министерските состаноци ЕУ- Западен балкан (Берлински процес), кои се оддржуваат еднаш годишно почнувајќи од август 2015.
Министерството за транспорт и врски во 2016 подготви и достави апликација за барање на инвестициски грант за реконструкција и рехабилитација на патот Крива Паланка граница со Бугарија во висина од околу 6 мил.евра како и апликација за барање на инвестициски грант и за изградба на првата делница од автопатот Кичево- Гостивар, Букојчани- Кичево во висина од 20мил.евра.
Во наредниот период се очекува формализирање на самата одлука. Останува на новата влада практично да ги дореализира овие проекти.-Вчера како што дознаваме од Брисел било одлучено да се доделат пари за проектите кои се дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, продолжување на г

Пронајдете не на следниве мрежи: