Народот на нозе-денеска протести во дури 31 град!

Поддршката за Граѓанската иницјатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА станува се’ помасовна и од ден на ден се шири во се’ поголем број на градови.Денеска протести за зачувување на унитарноста на Македонија и целосно отфрлање на Тиранската платформа која ќе значи редефинирање и федерализација на Македонија ќе се одржат во дури 31 град низ цела држава.
Од Граѓанската иницијатива вчера истакнаа дека стотина илјади граѓани во текот на минатата недела масовно излегоа на улиците да ја поддржат иницијативата и изразија голема благодарност за тоа.
-Tоа е огромна доверба кон она за што ние се бориме, она што го застапуваме, но и обврска да продолжиме уште посилно во наредниот период, по енергично, по одлучно кон остварување на нашите цели. Им се обраќаме на политичките партии да не се обедуваат одредени политички елити кои ја прифатија Тиранската платформа повторно да ја вратат на мала врата, односно да го изманипулираат народот за да си ја остварат својата цел, рече вчера Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива.
-Започнува третата недела од маршевите За заедничка Македонија. Не’ има најмногу до сега. Дури 31 град ќе излезе на улица за да прати порака дека граѓаните сакаат мултиетничка, а не двојазична и бинационална држава. Дека сакаат да живеат во држава во која владеат почитта и толеранцијата, а не теснополитичките сплектарења кои Македонија ја водат на патот кон кантонизација и федерализација. Дека мнозинството граѓани на Република Македонија не прифаќаат мешање на соседни држави и платформи кои ја рушат унитарноста на земјата, и не прифаќаат дебата за името, знамето, химната, грбот, јазикот. Ова се прашања кои не заслужуваат дебата, но мора да имаат одговор, објавија пред малку на ФБ профилот на Граѓанската иницијатива. 

И, еве го одговорот, денес низ целата држава, одговорот дека сакаме Заедничка Македонија.
1. Скопје – 17 часот2. Прилеп – 18 часот3. Струмица – 18 часот4. Неготино – 17 часот5. Радовиш – 17 часот6. Кавадарци – 17 часот7. Валандово – 18 часот8. Гевгелија – 18 часот9. Ново Село – 17 часот10. Босилово – 18 часот11. Василево – 18 часот12. Битола – 18 часот13. Кичево – 18 часот14. Охрид – 17 часот15. Крушево – 17 часот16. Ресен – 18.30 часот17. Демир Хисар – 17 часот18. Куманово – 18 часот19. Македонски Брод – 18 часот20. Свети Николе – 18 часот21. Берово – 17 часот22. Пробиштип – 18 часот23. Велес – 17 часот24. Кратово – 17 часот25. Виница – 18 часот26. Македонска Каменица – 17 часот27. Штип – 18 часот28. Крива Паланка – 18 часот29. Делчево – 17.30 часот30. Кочани – 17 часот31. Пехчево – 17 часот
Денеска протести за зачувување на унитарноста на Македонија и целосно отфрлање на Тиранската платформа која ќе значи редефинирање и федерализација

Пронајдете не на следниве мрежи: