Научен ФЕНОМЕН: жената што гледа ЗМЕЈОВИ!

Жената имала 52 години и чуден проблем: гледала змејови каде и да погледне.Нејзината состојба е наречена „прозопометаморфозија и фацијални халуцинации“ од страна на тим што го сочинувале најдобрите научници на светот.
„Во јули 2011 год., во психијатриската клиника ни беше презентирана 52-годишна жена-пациент, која целиот живот гледа како лицата на луѓето се менуваат во лица на змејови и ги добива овие халуцинации повеќе пати во денот“.
Како изгледа змеј? Според пациентката, кога некој се претвора во змеј:
„Лицето му станува црно, се издолжува, ушите стануваат заострени на врвовите, муцката станува животинска и испакната, кожата станува како на рептил, а очите се големи и светло-жолти, зелени, сини или црвени“.
Овие халуцинации не се случувале само кога жената гледала во вистински лица. Тие, исто така, се појавувале и од никаде, поточно од ѕидовите, штекерите, компјутерскиот екран, или едноставно од темнината во ноќта.
Што го предизвикува овој чуден феномен? Авторите на истражувањето признаваат дека не се сигурни и дека сега за сега тоа е мистерија. Скенирањето на мозокот не покажало очигледна причина:
„Невролошките истражувања, крвните анализи и ЕЕГ беа нормални, а магнетното скенирање на мозокот покажа само мали абнормалности поврзани со белата материја.“
Сепак, приказната има среќен крај. Жената е лекувана со лекови против деменција, што во голема мера направиле змејовите да исчезнат. Таа претходно била отпуштена од работа заради халуцинациите, но благодарение на лековите, таа е на новото работно место веќе 3 години, и нејзината комуникација со колегите значително е подобрена.Нејзината состојба е наречена „прозопометаморфозија и фацијални халуцинации“ од страна на тим што го сочинувале најдобрите научници на

Пронајдете не на следниве мрежи: