Научник откри траги од супернова на дното на океан

Астрофизичарот Шон Бишоп од Техничкиот универзитет во Минхен, открил траги од супернова на дното на океан. Според Бишоп, тоа може да даде корисни информации за историјата на Земјата, соопштува интернет изданието Gizmodo.Во извештајот, кој е објавен во еден од научните журнали на американската Национална академија на науките, Бишоп наведува дека открил траги од изотоп кој се произведува во експлозија на супернова. 
„Ако сличен настан се случи релативно близу до Сончевиот систем, остатоци од супернова може да достигнат до Земјата“ – пишува Бишоп.
При влегување во атмосферата изотопот Железо-60 (60Fe) влегува во реакција со кислородот и се претвора во 'рѓа. Кога таа ќе дојде на дното на океанот, се консумира од бактерии кои можат да се најдат преку спектрометрија.
На крајот, Бишоп нашол атоми на изотопот во микрофосили и остатоци од бактериите. Тој ги споредувал со други примероци на изотопот од други места и на тој начин открил нивниот предок.
Според астрофизиката, откриените траги се од супернова која експлодирала пред 2.2 милиони години во соѕвездието Скорпија. Тие се совпаѓаат и со траги од 60Fe, кои беа откриени на Месечината.
Паралелна студија на Националниот Универзитет на Австралија, исто така ја поддржува теоријата дека на Земјата може да има остатоци од супернова. Научниците сметаат дека најблиската супернова до Земјата била на 326 светлосни години. Тие сметаат дека имало неколку други слични случаи.
Има теорија дека радиоактивните честички на супернова влијаеле на климата на Земјата. Барем една од експлозиите на супернова се совпаѓа со почетокот на плеистоцена и може токму таа да доведе до ладењето на планетата. 
Сѐ уште нема конкретни докази за тоа, но ако научниците откријат уште слични изотопи на Земјата и потврдат приближно од кога се, може да се покаже дека всушност суперновите влијаат на климата на планетата.Во извештајот, кој е објавен во еден од научните журнали на американската Национална академија на науките, Бишоп наведува дека открил траги од изот

Пронајдете не на следниве мрежи: