Науката се уште нема објаснување за ѕвездата засенета од непознат објект

Неодамна, светот беше фасциниран од мистеријата на KIC 8462852.Научниците не можат да го објаснат погрешното треперење на ѕвездата. Се појавија теории дека планета во поминување направила сенка врз неа, или пак дека ѕвездата е блокирана од парчиња од комети. Но, сето тоа се покажа како неточно.
Оваа недела, планетата повторно е на вестите, откако е забележана драстична флуктуација.
Имено, во еден момент, ѕвездата се затемни за над 22%.
За споредба, кога планета ќе помине покрај ѕвезда и ќе ја засени, нејзината видливост се намалува за околу 1%.
Најневеројатно кај овие флуктуации е несиметричното треперење, што наликува како пред неа да поминале стотици огромни објекти што и ја блокирале светлината.
Но, такви објекти не поминале.
Астрономите ги проверуваа информациите собрани од телескопот Кеплер на НАСА, но не можеа да најдат ништо неправилно.
Се повеќе се наметнува теоријата дека ѕвездата е делумно покриена од Дајсонова сфера, односно мегаструктура која се уште постои само во теорија, и која целосно опкружува ѕвезди и ја смука нивната енергија.
Научниците не можат да го објаснат погрешното треперење на ѕвездата. Се појавија теории дека планета во поминување направила сенка врз неа, или пак

Пронајдете не на следниве мрежи: