Наумоф: Новата инвестиција во Битола стартува со 180 вработувања

Нова компанија „Цереметал“ со седиште во Атина, Грција ќе инвестира во Битола во индустриската зона Жабени. Земјиштето на површина од 45.000 м2 е веќе купено и планираат да основаат нова компанија „Цереметал-Битола“ за реализација на инвестицијата.-Компанијата ќе произведува многу специфични и високо специјализирани метални делови/компоненти за машини. Ќе имаат специјална техничка заштита за високи температури. Во првичната фаза ќе се вработат околу 180 лица, од кои 150 во производство а околу 30-на во администрација, логистика и менаџмент, појасни министерот за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумоф.
Во период од 5 години, нивните планови се бројката да се зголеми на 600 вработени.
-Тие одлучија да инвестираат во Македонија поради одличната бизнис клима, ниските такси, високо образованите кадри, слободниот извоз со другите европски држави. Фактот дека сме на второ место според рангирањето на Светска банка, а 12-ти во светот за водење на бизнис. На крајот, Марија која е CEO, рече дека клучно било што исто има младите и високо работоспособни генерации, кои одлично познаваат англиски јазик но и грчки, вели Наумоф.-Компанијата ќе произведува многу специфични и високо специјализирани метални делови/компоненти за машини. Ќе имаат специјална техничка заштита за

Пронајдете не на следниве мрежи: