Навики со кои ќе ја подобрите Вашата самодоверба

Доколку се чувствувате несигурно во сопствената кожа и немате храброст за донесување на многу важни животни одлуки, Ви претставуваме список на навики со помош на кои ќе ја подобрите Вашата самодоверба.Престанете со самокритиката – нема ништо лошо во конструктивната самокритика, но кога Вашиот внатрешен критичар работи против Вас, тоа значи дека е време за промена. Пробајте да ги спречите негативните мисли и пробајте да изговарате однапред смислени позитивни “мантри”. 
Мотивирајте се – од оној момент кога ќе си ги поставите целите, полесно ќе ги извршувате секојдневните обврски. Кога сте мотивирани, соочувањето со животните потешкотии станува полесно.
Работете на себеси – започнете ја Вашата голема промена со усвојување на нови знаења. Никогаш не е предоцна за запишување на некој курс кој може да го промени текот на Вашата кариера.
Запишувајте зошто се цените себеси – кога Вашата самодоверба ќе биде нестабилна, можете да го прелистате дневникот и да се потсетите зошто треба да се цените самите себеси.
Грижете се за Вашето здравје – акцентот не се става на изгледот туку на физичкото здравје, благодарение на кое расте и менталната моќ, но и самодовербата.
Секој ден направете по една работа која Ве плаши – со тоа ќе ги победите сопствените несигурности и ќе се соочите со она што Ве спречува да живеете со “полни гради”.
Прифатете го неуспехот со позитивен став – тоа е составен дел од животот и затоа не треба да го доживувате како трагедија. Не се откажувајте на секоја препрека на патот, бидејќи секогаш има начин како да ја заобиколите истата.
Не се споредувајте со останатите – наместо тоа фокусирајте се исклучиво на својот живот и на тоа како да го подобрите.
Бидете во опкружување на луѓе кои Ве поддржуваат – истите луѓе кои Ве разбираат, секогаш ќе го чуваат Вашиот грб.Престанете со самокритиката – нема ништо лошо во конструктивната самокритика, но кога Вашиот внатрешен критичар работи против Вас, тоа з

Пронајдете не на следниве мрежи: