Навивачите го селат Касиљас во редовите на Барселона!

Навивачите одлучни за Касиљас….Анкетата спроведена од страна на шпанската Марка преку нивниот веб-сајт, покажува дека, потенцијалниот нов клуб на Икер Касиљас (32) во случај на евентуално напуштање на Реал Мадрид, би требало да биде Барселона.
Поточно, од вкупните 260.000 гласа, скоро 11.000 испитаници (45%), веруваат дека чуварот на мрежата на Реал и шпанската фудбалска репрезентација треба да преминат во редовите на најголемиот ривал доколку се одлучи за префрлување. На второ место со 31% од гласовите е Арсенал, а следуваат Манчестер Сити (31%), Баерн (4,7%), Монако (3%) и Јувентус (2,4%).
Касиљас во втората половина во минатата сезона проживеал тешки моменти во Реал Мадрид. Овој голем голман падна на второто место под Жозе Мурињо, а оваа сезона под Карло Анчелоти и нема запишано ниеден настап во шпанското првенство. Тој неодамна изјавил дека сака да игра за Реал до крајот на неговата кариера, но и дека е спремен да ги разгледа и другите можности доколку продолжи да ја грее клупата. Анкетата спроведена од страна на шпанската Марка преку нивниот веб-сајт, покажува дека, потенцијалниот нов клуб на Ике

Пронајдете не на следниве мрежи: