Наводната љубовница на Бред Пит конечно проговори: „Бремена сум!“

Ако им веруваме на таблоидите, бракот на Бред и Анџелина се растури заради неговата афера со колешката Мерион Котијар. Иако многумина навити ја забележаа хемијата меѓу нив во трејлерот на најновата воена драма во која глумат заедно, сепак убавата актерка тврдеше дека сето тоа е само добра глума.„Ова ќе биде мојата прва и единствена реакција на веста што е објавена пред 24 часа и во која сум вовлечена без моја волја. Не сум навикната да коментирам на вакви работи ниту пак да ги доживувам сериозно, но оваа ситуација се разви достбрзо и влијае на луѓето кои ги сакам и затоа морам да дадам изјава. Како прво, го запознав човекот на мојот живот пред многу години, тој е татко на нашиот син и на бебето што го очекуваме. Тој е љубовта на мојот живот, мојот најдобар пријател и единствен човек кој ми е потребен.
Второ, за сите оние кои донесоа заклучок дека сум растурикуќа. Се чувствувам добро, и ваквите коментари не ме вознемирија. А за медиумите и хејтерите кои лесно осудуваат, ви посакувам брзо опоравување“, напиша убавата актерка, откривајќи дека по втор пат е бремена со партнерот Жулиом Кане, со кој е во врска од 2007 година.
Нивниот прв син, Марсел е роден во 2011 година. Котијар на својот профил на Инстаграм им се обрати и на Бред и Анџелина, посакувајќи им се најдобро:
„За крај, навистина сакам Анџелина и Бред, кои навистина ги ценам, да го пронајдат мирот во овие бурни времиња. Со љубов, Мерион“, завршува актерката.
Сепак, ваквата објава само ги поттикна фановите да шпекулираат чие бебе носи Мерион во својот стомак и дали со изјавата уште повеќе се докажува дека Бред навистина ја изневерувал Енџи.„Ова ќе биде мојата прва и единствена реакција на веста што е објавена пред 24 часа и во која сум вовлечена без моја волја. Не сум навикната

Пронајдете не на следниве мрежи: