Не е слеп оној кој не гледа: Поучна приказна која ќе ве натера уште повеќе да го цените тоа што го имате

„Кога само би можела да го видам светот, би се омажила за тебе“.

Си била еднаш една девојка која се мразела себеси затоа што била слепа. Мразела се, освен нејзиното сакано момче, кое секогаш било покрај неа. Му рекла: „Кога само би можела да го видам светот, би се омажила за тебе“.
Еден ден некој донирал еден пар очи за неа. Кога завршила операцијата и кога и ги отстраниле завоите , можела се да види вклучувајќи го и своето момче.
Тој ја прашал:
„Сега кога го гледаш цел свет, ќе се омажиш ли за мене?“ Таа го погледнала и видела дека тој е слеп. Глетката на неговите затворени очи ја шокирала. Не го очекувала тоа. Самата помисла дека би морала да ги гледа цел живот, ја натерала да ја одбие неговата понуда за брак.
Тој си заминал во солзи, и неколку дена подоцно и напишал писмо:
„Добро чувај ги своите очи, душо моја, бидејќи пред да станат твои – тие очи беа мои!“
Ете како најчесто работи човечкиот мозок: Ретко кој после некое време се сеќава каков бил животот претходно, кој бил секогаш со нас и во најтешките ситуации.
И денес ако ви дојде потреба да се пожалите, сетете се:
– Пред да кажете некој лош збор, сетете се на оние кои не можат да зборуваат.
– Пред да почнете да се жалите на вкусот на храната, сетете се на оние кои  немаат што да јадат.
– Пред да почнете да се жалите за својот маж/жена, сетете се на оние кои го молат Бога да им подари сакана личност.
– Пред да се жалите од животот, сетете се  на оние кои рано останале без своите животи, кои починале прерано.
– Пред да се пожалите од вашите деца, сетете се на оние кои сакаат деца, но не можат да ги имаат. –  Пред да почнете да се расправате со оној кој не ја исчистил куќата, сетете се на оние кои живеат н а улица.
– Пред да почнете да осудувате некој, сетете се дека никој не е безгрешен.
– И на крајот кога лоши мисли ќе почнат да те фрлаат во депресија, стави насмевка на лицето и кажи: уште сум жив/а, уште сум тука, и заблагодари му се на Бога за се. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.