Не е Тијана: Еве кој ќе ја претставува Македонија на „Твоето лице звучи познато“

По се изгледа Тијана нема да ја застапува Македонија на Твоето лице звучи познато Иако многумина медиуми пренесоа дека боите на Македонија во музичкото шоу оваа сезона ќе ги брани Тијана Дапчевиќ според последната објавена листа на имиња Тијана не е нашиот кандидат,а наместо неа оваа година ќе можеме да гласаме за Даниел Кајмакоски.
Српските медиуми објавија дека во новата сезона на музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ засега се познати само двајца судии. Пејачката Ана Кокиќ и водителот Иван Ивановиќ ќе ги гледаме во улога на судии додека Бранко Ѓуриќ Ѓуро оваа сезона нема да го видиме во улога на судија поради операцијата на полипите на гласните жици која ја имал неодамна.

 
Како учесници на новата сезона се наведуваат Дара Бубамра, Ивана Петрес, Славица Чуктераш, Каја Остојиќ и водителката Ана Михајловски.
Машкиот дел од натпреварувачите ќе го составуваат Никола Роквиќ, Даниел Кајмакоски, Халид Муслимовиќ, актерот Богуљуб Митиќ Ѓоша и Неша Бриџис.Иако многумина медиуми пренесоа дека боите на Македонија во музичкото шоу оваа сезона ќе ги брани Тијана Дапчевиќ според последната објавена листа

Пронајдете не на следниве мрежи: